Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

38 годишен кумановец сакал да силува 76 годишна “секси” баба, заработи притвор

108

Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановец, на возраст од 38 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик.

„Кривично правниот настан се случил на 27.08.2020 година, околу 12.00 часот во Куманово, кога осомничениот со употреба на сила се обидел да ја присили на обљуба оштетената 76-годишна кумановка. Откако осомничениот забележал дека оштетената живее сама, влегол во нејзината куќа, по што се обидел да го изврши делото. Откако не успеала физички да го оттурне од себе, оштетената го спречила во обидот велејќи дека доаѓа нејзината ќерка, па осомничениот се оддалечил кон излезот“, соопшти Обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, за осомничениот до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерката притвор поради опасност од бегство и довршување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка изврши распит на осомничениот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.