Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Јане по стапките на Баже: Наместо жичара, штипски Исар доби депонија!

229

Штип е град во кој нема премногу анимации за рекреации. Пешачката петка, Суитлакот и тврдината Исар се речиси единствените места за физичка активност во природа, мир и спокој на штипјани.
Сепак, ниту ваквите места не се одржуваат и заштитуваат од смет и депонија. Секогаш по полнење на корпите за отпадоци, овие места се претвораат во извор на ѓубрилиште!

Загрижени граѓани до нашата редакција испратија фотографии од тврдината Исар, а овие фото прикази растажуваат и депримираат. “Рекреативците велат дека нема доволно корпи за отпадоци, а истите кога ќе се наполнат, тогаш претекуваат од смет и создаваат депонија”.

Доколку причинител е вандализам и човечки фактор, тогаш за таквите се бара одговорност и истрага од страна на институциите во Општина Штип.

Мнозинството на граѓани не е должно да ги трпи последиците од несовесните и дрски натрапници.
Надлежните се повикуваат на одговорност, а парите кои се земаат од народниот буџет се бара да бидат искористени за создавање на безпрекорен чист и еколошки град!

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.