Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Штипскиот “убиец на животни” Крсто Митев, после цели 5 месеци неработење заловува улични животни за време на 80-часовен карантин и забрана за движење

11,778

Здружението за заштита на животни “Живот” – ШТИП, преку својот Фејсбук профил се обрати кон штипската јавност, еве што тие велат:

КРСТО МИТЕВ МОМЕНТАЛНО Е ВИДЕН НА НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ НИЗ ШТИП СО НЕГОВОТО ВОЗИЛО СО ВЕЛЕШКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВО ПРИДРУЖБА НА ДВАЈЦА УНИФОРМИРАНИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ!!!

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАШИТЕ МААЛСКИ МИЛЕНИЦИ!!! МОМЕНТАЛНО СЕ ЗАЛОВУВААТ УЛИЧНИ КУЧИЊА ВО ШТИП❗❗❗❗❗❗❗❗❗❗❗

За време на 80-часовен карантин и забрана за движење, Ветеринарна станица – Штип ЗАЛОВУВА УЛИЧНИ ЖИВОТНИ после цели 5 месеци неработење!!!

Дали Општина Штип има информации за ова? Дали СВР – Штип ги има легитимирано 5-те вработени со две возила кои моментално АКТИВНО собираат животни? Дали истите ВООПШТО имаат дозвола за движење и дали дозволата за движење соодветствува со работата која ја вршат моментално?

Се поставува прашањето, КОЈА ИНСТИТУЦИЈА ИМ ИЗДАЛА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС? Ова ли е работата која не може да ПОЧЕКА уште два дена и мора да се заврши ДОДЕКА НЕМА НИКОЈ НА УЛИЦА за да не можеме да имаме увид во тоа кои маалски миленици се заловени и на кој начин?
Министерство за внатрешни работи
Пилот има ли у авионо???

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.