Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Спортот е на чекор до нормализација: УЕФА ја враќа публиката на трибините

69

Нов чекор напред кон нормализација на состојбата во европскиот фудбал. УЕФА денеска пресече дека натпреварот од Суперкупот на Европа, кој е закажан за 24 септември во Будимпешта, ќе се игра со навивачи!

Целиот финален турнир од ЛШ и ЛЕ неодамна се одигра без присуство на публика, почнаа и квалификациите за меѓународните купови исто така пред празни трибини, така што оваа одлука на УЕФА би можела да биде добра вест за продолжението од сезоната.

Суперкупот на Европа во Будимпешта ќе го играат Баерн и Севиља, а нивните навивачи ќе можат преку интернет да купуваат влезници за натпреварот. Секако, капацитетот на стадионот е намален на само 30 проценти, но и тоа е некој почеток. Пропишани се и мерки до кои сите ќе мораат да се придржуваат: растојанието меѓу двајца навивачи на трибините мора да биде барем метар и половина, задолжително носење на маски и дезинфекција на рацете пред влез на стадион, ќе може да се седи само на означени места…

Доколку УЕФА биде задоволна со почитувањето на мерките на Суперкупот, веројатно по ова ќе дозволи враќање на трибините и на останатите мечеви под нејзина ингеренција: во квалификациите за европските купови, како и за натпреварите на репрезентациите.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.