Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

СДС во паника: ВМРО-ДПМНЕ в среда ќе протестира против поскапувањето на струјата

47

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија в среда ќе организира протест против поскапувањето на струјата, на денешната прес-конференција пред партиското седиште. Како што кажа Мицкоски, протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.

„Во среда на 9 септември во 18 часот ќе организираме протест, прв во серијата која ќе ги организираме. Ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика која е маша на власта. Од неа ќе бараме да се врати цената на струја на старо“, изјави Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика на 31 јули донесе одлука струјата да поскапи за 7,5 отсто.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.