Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Нови 30 дена притвор за браќата Усеини поради страв дека ќе избегаат

78

Охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор по барање на Обвинителството, поради страв дека тие ќе избегаат. Браќата се гонат за физичкиот напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски.

Тие веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата не можеше да ги најде и објави локален распис по полициските станици.

Браќата понудија и 30.000 евра гаранција за да излезат од затвор, кои беа прифатени од охридскиот суд, меѓутоа битолската апелација вчера ја отфрли.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.