Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Македончето повторно на питачки стап: Поскапувањето на струјата доведе до раст на цените и трошоците за живот

56

Трошоците на живот во август 2020 година пораснале за 0,5 отсто, додека цените на мало минатиот месец биле зголемени за 0,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Главна причина за порастот на трошоците на живот е токму зголемувањето на цената на електричната енергија. Индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.8 во споредба со јули 2020 година.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7 отсто, млекото за 0,5 отсто, оризот за 0,4 отсто, пивото за 0,3 отсто, сирењето и урдата за 0,2 отсто.

Во август 2020, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај електричната енергија за 7,4 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,6 отсто, фармацевтските производи за 1,3 отсто, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1,2 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1,1 отсто, ткаенините за изработка на облека, услугите за рекреација и спорт за 1 отсто.

Трошоците на живот се зголемени и поради порастот кај игрите, играчките и хобијата за 0,9 отсто, терапевтските помагала и опремата за 0,8 отсто, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,5 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена за 0,4 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0,6 отсто, месото, јајцата за 0,4 отсто, маслото и маснотиите за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 1,8 отсто, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1,1 отсто, велосипедите за 0,9 отсто, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6 отсто и течните горива за домаќинствата за 0,2 отсто.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.