Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Интервју со Мери Акиевска – Face of the Week

107

Здраво Мери, благодарност за одвоеното време. За почеток како ти би се претставила пред нашата читателска публика, која е Мери?

Јас сум Мери Акиевска, имам 21 година. Моето родно место е Крива Паланка , но веќе 7 години живеам во Скопје. Тука завршив образование и го започнав животот во спортскиот свет на бодибилдингот.

Кој беше главниот поттик за овој спорт, зошто се одлучи за бодибилдинг?

Од секогаш бев од страната на спортот. Се пронајдов во бодибилдингот и го одбрав за складен спорт што мене што ми доликува. Од секогаш сакам да правам нешто поразлично од другите, така да овој спорт ме привлече.

Колку долко си дел од сето ова?

Веќе 3 години сум целосно активна со бодибилдингот. Се појавувам како натпреварувач и досегашен балкански Шампион.

Колку награди имаш освоено и каде?

Со натпреварување започнав минатата година , првиот натпревар Куп на Мкакедонија-Скопје, го освоив првото место во категорија Wellness Fitness 2019.
Потоа се натпреварував на Балканско ниво во Грција, категорија Wellness Fitness Сениор 2019, таму го освоив првото место и дојдов повторно до злато.
2020 година ќе ја паметиме.

Со задоцнување на натпреварите поради Корона, сите турнири беа одложени и поместени поради ситуацијата во цел свет. Така што 11 месеци издржав диета и не се откажав од подготовките..
Неделава се одржа првиот натпревар Куп на Мк. Скопје тука го освоив првото место Wellness Fitness Сениор и како Апсолутен победник освоив триумф.

Кога е следниот матпревар?

На следниот натпревар ме очекува Балканско во Романија, од 4-6 септември.
Потоа продолжуваме со подготовки за голем настан на Европско ниво во Санта Сузана Шпанија, од 15-21 септември.
Почеток Октомври Атлета на Мк. Скопје и крај на Октомври Diamond Cup Скопје..

Од што се состои твоето мени за ручек?

Според подготовките за натпреварите мојата исхрана е многу поразлична и строго по мерка и на време .. Се состои од протеини, природни масти, јаглени хидрати , се определено количински и по мерка и време ..

Што е тоа што најмногу го сакаш во овој начин на живот?

Го одбрав овој начин на живот зошто здравствено убаво ми влијае, се чувствувам прекрасно психички и физички.

Додека престојуваш на плажа, како реагираат луѓето на твоето тело?

Годинава нема одмор за мене, до сега вложив 11 месеци за подготовки, а истите ќе ги наменам за годишниве натпревари, и така до крајот на годината , целосно вложено време во тренинг и како што е редот да изгледаме професионално мора да се посветиме на обврските предвидени според планот.

Зошто луѓето треба да бида повеќе физички активни?

Бидете активни и спортувајте, бидејки вашето тело е единственото живеалиште во кое останувате , живеете , постоите .. Грижете се за вас и вашето здравје, тоа нека биде на прво место!
За крај морам да напоменам и тренерот има голема благодарност, сакам да уптама благодарност до Претседателот на бодибилдинг во Македонија, Бобан Ѓороски, и да го напоменам Деајан Митровски Урко, бидејки секогаш се тука за мене и се моја голема поддршка.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.