Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Интервју со Викторија Варадинова – Face of the Week

1,547

Пред самиот почеток, како би се опишала Викторија Варадинова пред нашата читателска публика, која е Викторија – кратко CV?

Пред се Здраво на сите и благодарам за ова интервју. Јас сум Викторија Варадинова 18-годишна девојка која веќе 7-8 години се занимава со кикбокс, воедно и студент на факултетот за Физичко образование, спорт и здравје. Потекнувам од Штип а веке 4-5 години живеам во Скопје каде што завршив средно, сега сум на студии и тренирам во кик бокс клубот “Шампион”- Скопје под раководство на тренерот воедно и претседател на Кикбокс маутаи федерација на Македонија – Дејан Митровски – Урко.

За штипската и македонската јавност е веќе познато дека си врвен спортист во кик-боксот, на што се должи според тебе овој успех … која е клучнта формула за градење на победнички менталитет?

Па вака. Мое мислење за некој човек или спортист да изгради врвен успех или резултат мора да поседува цврст каракттер кој ќе го води понатаму низ сите пречки, проблеми и откажувања што ќе му излезат пред него. Значи цврст карактер, дисциплина и подршка од најблиските се клучна формула за успех.

Во период кога социјалните мрежи се особено популарни низ светот, колку си активна ти и која апликација најмногу ја користиш?

Како и секој друг спортист така и јас сум во водите на социјалните мрежи. Најмногу користам Facebook и Instagram. Во меѓу време почнав и на youtube да прикачувам дел од борбите, но претежно сум на првите две што ги кажав.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук, кој е твојот мотив кој сакаш да го упатиш кон твоите фанови и следбеници?

Претежно објавувам слики и видеа од борби, тренинг со цел да ги мотивирам луѓето кои ме гледаат и следат да почнат да тренираат барем рекреативно што би било добро за нивното здравје.

Како се мотивираш пред натпревар, дали веруваш во суеверие?

Не. Не верувам во суеверие. Пред натпревар најчесто се дистанцирам од се и секој освен мојот тренер и фамилијата. Со цел да се тргнам од сите разговори, муабети кои на некој начин можеби ќе ме демотивираат.. А пред борба тие 30 минути се тргам на страна од се. Седнувам во некој агол на крај на сала, со слушалки и размислувам за борбата што и како ќе изведам од работите што сме ги вежбале со тренерот.

За одличен кик-боксер е особено важно градење на цврство мускулно тело, не сомнено е дека ти го поседуваш, но како го одржуваш … дали имаш посебен режим на храна и која е твојата секојдневна програма за одржување на кондиција?

Секој спортист мора да има режим на исхрана кој мора да го почитуваме ако сакаме резултати. Секако јас знам после натпревар ако направам добар резултат да избегам малку од режимот на 2-3 дена.. и пак се враќам на исхраната која ми е дадена и тренинзите. За одржување на формата-кондиција секојдневно трчам и вежбам дома во овие услови со овој вирус..

Со каква музика се мотивираш и потикнуваш пред борба?

Немам специјално некоја музика. Од музика слушам се. Нормално сега пред борба сигурно нема да пуштам народно или турбо фолк…. Најчесто некоја музика што има тип на мотивирачка музика.

Омилен филм?

Не гледам филмови.. Не сум фан на филмовите…

Твоја најомилена фотографија?

Заради борби често патувате во Македонија, според тебе кој е најубавиот град во нашата земја и зошто?

Дефинитивно Скопје. Како град има што да понуди да се види и искористи за тренинг и припреми. Како пример Водно, Гази баба и др.

Покрај Македонија патувате и во останати држави … која е твојата најубава земја која си ја посетила, а која е онаа која сакаш допрва да ја видиш?

Паа.. искрено не знам. Секоја држава си има своја убавина, но кога морам да изберам нека биде Хрватска- Маџарска. А за која допрва сакам и тоа не знам. Се што можам, сакам да посетам и видам .

Како спортист, покрај кик-боксот дали следиш и други спортови .. кој е твојот втор омилен спорт со кој би се занимавала доколку тоа не би бил кик-боксот?

Бидејки вежбам и во фитнес покрај кикбоксот, дефинитивно втор спорт би било фитнес (бодибилдинг).

Кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?

Идол и ѕвезда водилка со сигурност ми е мојот тренер Урко. Кој има толку многу постигнато во животот и сеуште постигнува. И покрај се, несебично се труди и посветува на тренинзите и работата која ја работи. Дефинитивно учам од него и се обидувам да одам по неговиот пат.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.