Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Апасиев за СДС: Партија ли е, нарко-картел ли е ?

108

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев имаше свој коментар на разрешувањето и апсењето на Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ заради поседување на кокаин.

-Партија ли е, нарко-картел ли е? #СДСкокаинска напиша на Твитер, Апасиев.

За потсетување во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов веднаш го разреши Смаиловиќ од директорската функција.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.